Српската кошаркарска легенда, Владе Дивац ќе влезе меѓу кошаркарските бесмртници.

Церемонијата е закажана на почетокот на септември, а Дивац во Куќата на славните ќе го воведе Џери Вест.

Имено, правило е секој нов член на Куќата на славните да биде воведен од постар член, па Дивац одлучил тоа да биде човекот од логото на НБА. Вест беше тој што го донесе Дивац кај Лејкерси, факт што Владе многу често го потенцира.

Дивац им се придружи на Лејкерс во 1989 година и играше во НБА-лигата до 2004 година, запишувајќи над 1.000 поени, 9.000 скокови, 3.000 асистенции и 1.500 блокади.