Претседателот на регионалното кошаркарско натпреварување АБА лига Домагој Чавловиќ категорично најави дека следната сезона нема да се толерираат инциденти како настаните од последната финална серија меѓу Црвена Звезда и Будуќност.

Првиот човек на Цибона истакнува дека целта е ова регионално натпреварување да биде во фер и спортска атмосфера, а акцентот да биде ставен единствено на кошарката.

„Верувам дека регионалното натпреварување ќе биде уште подобро од претходно, што сигурно е цел на сите нас кои сме во него. Се уште не сме одлучиле кој ќе биде нов генерален менаџер, но и тоа ќе биде наскоро. Жал ми е што целата претходна сезона мораше да се расипе со неколку натпревари кои не ја покажаа вистинската слика на АБА лигата. Целиот шампионат беше интересен, одличен, но со крајот не може да се гордееме.Такви работи во иднина повеќе не смее да се случуваат. Во спротивно, актерите во инцидентите ќе бидат жестоко казнувани. Правилата ќе бидат уште поригорозни, па дури ќе бидем,е и построги од правилата на Евролигата. Нема да дозволиме некој да ја руши АБА лигата. За такви нема да има место во ова натпреварување и веднаш ќе бидат исфрлани од лигата “.