Голем пораз за македонската кошаркарска репрезентација во Скопје од Шпанија, па со неуспех ги започна квалификациите за Светското првенство 2023 година. Шпанците победија во Арената „Јане Сандански“ со 65:94.

Шпанците по првиот период водеа со 14:21, а до крајот на полувремето веќе имаа двоцифрена предност (30:41), со која најавија позитивен исход за себе на гостувањето во Скопје.

Третиот период го потврди победникот, за на крајот Шпанија да слави со убедливи 65:94 и очекувано да биде на врвот на табелата во квалификациската група

Младиот Тео Симиќ беше најдобар реализатор во нашата селекција со 18 поени, Вајли постигна 10, додека Робев реализираше 9 поени.

Во шпанскиот состав, Сима постигна 17, додека Лопез-Аростеги уфрли 15 поени во кошот на македонската селекција.