По потврдата дека во браќата Димитриевски и ветеранот Диме Тасовски остануваат во клубот кој и во следната сезона ќе го води Марјан Србиновски, договорен е ангажманот на американецот Донован Доналдсон. Оваа информација потврдија од клубот а ја објави гостиварпрес.мк.

Доналдсон има 23 години и доаѓа од американската колеџ конкуренција од екипата на Тусклум Пионерс. Минатата сезона во која два пати беше избран за играч на месецот, ја заврши со просеок од 15,4 поени по натпревар.

КК Гостивар продолжува со градењето на тимот за новата натпреварувачка сезона во која ќе влезе со високи амбиции.