Лука Дончиќ имаше одлично деби во својата прва сезона во НБА лигата во која ја понесе наградата за дебитант на годината, а во новата сезона љубителите на кошарката го очекуваат во уште подобро светло.

Словенецот изјави дека оваа сезона може да биде најдобар асистент во НБА лигата.

„ Мислам дека можам да бидам меѓу најдобрите асистенти, ако не и најдобар. Имаме одлична екипа и поради тоа сум многу возбуден. Со Порзингис и другите млади играчи сметам дека имаме реални шанси за пласман во плејофот, иако западот е многу силен“-изјави Дончиќ.

Оваа сезона Далас Маверикс ја имаат една од најтешките „артилерии“ под кошевите, по потписот на Бобан Марјановиќ кој заедно со Кристап Порзингис треба да го сочинуваат центарскиот тандем.