Најдобриот кошаркар на Далас, Лука Дончиќ, го замолкна Стејплс центарот во Лос Анџелес, каде со 27 поени и 10 асистенции ги предодеше Маверикс до голема победа над ЛА Лејкерс.

„Клучна беше одбраната во третата четвртина, застанавме во зонска одбрана, влеговме во ритам и бевме брзи. Тоа беше пресудно. Во првото полувреме играв очајно, но во вториот дел бев одличен. Продолжив да напаѓам, да верувам во мојот шут и ми беше драго за триумфот. Многу ми значи што покажавме дека можеме да се носиме со големи тимови. Продолжуваме на ист начин“- изјави Дончиќ.

 

Младиот 20-годишен кошаркар се потсети на првата сезона и неговиот прв дуел против Леброн Џејмс, кој воедно и му е идол од детство.

„Се сеќавам на тој натпревар. Обично не сум нервозен пред натпреварите, но пред тој бев. Тоа беше нешто посебно за мене. Го следев многу како дете, му се восхитувам и сега, тој беше мој идол“- додаде Дончиќ.

Словенецот исто така истакна дека искуството од Евролигата многу му помогна за адаптација во НБА лигата. Маверикс сега има скор 13-6, додека Дончиќ во просек бележи по 30.8 поени, 9.9 скока и 9.6 асистенции.