Лука Дончиќ од натпревар во натпревар го покажува својот вонсериски талент, а неговите игри многу аналитичари ги натера да го стават уште на стартот од сезоната во НБА како еден од главните кандидати за МВП наградата.

Новинарите го запрашаа што мисли за идејата дека е МВП на лигата, а Словенецот изјави дека најбитно е Далас да победува.

Слушнав за тоа, водат сметка за мојата статистика. Многумина навиваат за мене. Мене ми е мило што ги добиваме натпреварите. Имаме три последователни победи и мора да продолжиме така”-одговори Словенецот.

Дончиќ оваа сезона има импозантни бројки, односно во просек по натпревар бележи 30 поени 11 скока и 9 асистенции.