Словенецот од редовите на Далас го надмина Мајкл Џордан по бројот на трипл-дабл учиноците во НБА лигата во поразот од Чикаго, но и покрај ова тој не е задоволен од начинот на кој го одиграл второто полувреме.

„Мислам дека ова не беше добар натпревар за мене. Морав да бидам многу подобар. На крајот на мечот моите бројки не се важни. Требаше да го добиеме натпреварот и мора да бидеме многу подобри следниот меч. Во второто полувреме одиграв катастрофално, бев многу себичен, во второто полкувреме тоа не бев јас, имаше шутеви кои не смеев да ги направам, едноставно тоа е тоа.“ – вели Дончиќ.

Во следното коло Далас против Тороно ќе се обиде да ја прекине мини низата порази во НБА лигата.