Српската интернационалка Драгана Гобелиќ заедно со Анжелика Митрашиновиќ беа најдобрите кошаркарки на Баскет КАМ во победата над Бадел 1982 (81:64) во денешното финале од Купот на Македонија.

Гобелиќ натпреварот го заврши со 25 поени, 9 скокови и пет асистенции а наградата за најкорисна кошаркарка во финалето, ја посвети на својот син.

„Би сакала да им се заблагодарам на соиграчите за пружената игра како и на целото раководство за условите кои ни ги овозможи. Нè очекува доста време за тренинг пред почетокот на натпреварите од плејофот. Имаме време да ги поправиме и грешките кои ги правевме денес, но ако настапиме на ист начин во натпреварите што следат верувам дека ќе ја освоиме и шампионската титула. Признанието за најкорисен играч би сакала да го посветам на мојот син.“ – изјави Гобелиќ.