Новинарот на американскиот „ЕСПН“, Адријан Војнаровски објави дека кошаркарот на Голден Стејт вориорс, Кевин Дурант нема да игра следната сезона под актуелниот договор.

Дурант засега одбил да остане во Вориорс според актуелниот договор, кој трае уште една година.

Според тој договор требаше да добие 31,5 милиони долари и сезоната да ја помине во рехабилитација затоа што ја скина Ахиловата тетива во големото финале во НБА лигата.

Како следна дестинација се споменуваат Њујорк никс и Бруклин нетс како можни дестинации.

Доколку би заминал во една од двете екипи Дурант, би добил  петгодишен договор вреден 220 милиони долари.