Традиционално Божиќот во НБА лигата носи најголеми возбудувања од регуларниот дел на сезоната, а вечерва во фокусот на светската кошаркарска јавност е дуелот меѓу ЛА Лејкерс и ЛА Клиперс кои важат за најголемите фаворити за освојување на шампионскиот прстен.

Фановите на „Езерџиите“ нема потреба да стравуваат, откако од тимот потврдија дека Леброн Џејмс и Ентони Дејвис кои имаа проблеми со повреди ќе бидат дел од ростерот за дербито на Лос Анџелес.

Од една страна ќе биде тие двајца, а од другата ќе се спротистават Кави Ленард и Пол Џорџ, а првиот овосезонски меч им припадна на Ла Клиперс.

Покрај овој дуел големо внимание привлекува и дуелот на истокот меѓу Филаделфија и Милвоки, кој пак во моментот е со најдобар скор во НБА лигата.