Еден од најдобрите кошаркари на сите времиња Леброн Џејмс изјави дека не е близу до ставање на крај на неговата кариера и се спореди со квотербекот на Њу Ингланд Петриотс, Том Брејди, кој продолжува да игра на 42-годишна возраст.

„Кралот“, во НБА дојде во 2003 година како прв пик и во својата 18 годишна НБА кариера држи многу рекорди, но тој има сеуште неостварени цели.

 „Не сум близу до крајот на мојата кариера. Значи, одговорот е не, јас не се чувствувам блиску да се откажувам. Јас и Том Брејди сме од иста раса. Ќе продолжам да играм сè додека не можам да одам. Се додека се чувствувам одлично и додека сè уште можам да играм на високо ниво . Јас ќе продолжам да играм кошарка додека моето тело и психа тоа го дозволуваат. Тогаш можеби ќе дојде тој момент“ – изјави Леброн.

Џејмс доминира на почетокот на новата кампања, а Лејкерс се радуваат на силен старт и на прво место на Западот.