Кошаркарот на Лос Анџелес Лејкерс, Леброн Џејмс тврди дека МВП наградата никогаш не го мотивирала, а го мотивира желбата да биде најдобар на сите времиња.

„Кралот“ сезонава игра како во своите најдобри денови и е во најтесниот избор за признанието најкорисен играч во регуларниот дел од сезоната во НБА лигата.

Никогаш не ме мотивирала МВП наградата. Секогаш ме туркала мислата напред да бидам најдобриот на сите времиња. Тоа ми го донесе МВП признанието неколку пати досега. Но никогаш во кариерата една сезона не започнав со намера да бидам МВП“-изјави кошаркарот на „Езерџиите“.

Џејмс во кариерата четири пати ја добиваше оваа престижна награда, а оваа сезона има просек од 25.4 поени, 10.7 асистенции и 7.8 скокови.