Актуелниот кошаркарски шампион на Шпанија Реал Мадрид го донесе второто засилување во пресрет на новата сезона, по Николас Лапровитола.

Нов играч на Реал е Џордан Мики кој потпиша договор на две години со ѓпанскиот гигант. Џордан треба да биде замена за Густаво Ајон кој го напушти „кралскиот клуб“и ќе се пресели во НБА лигата.

Џордан минатата година во екипата на руски Химки во Евролигата постигнуваше во просек по 13,7 поени, 5,5 скока и 1,1 блокада по натпревар.