Синоќа Ла Клиперс ја прекинаа серијата на победи на Далас и успеаа да го сопрат Лука Дончиќ кој брилјира на стартот од сезоната. Ѕвездата на Лоа Анџелес Клиперс, Пол Џорџ, верува дека она што го прави Словенецот сега е само почетоко, а најдоброто треба да дојде во иднина.

„Ова што го прави тој на негова возраст е импресивно. Сè уште е дете и прави прекрасни работи. Тој допрва треба да дознае некои работи, има огромен потенцијал. Во догледно време ќе биде многу страшен“- истакна Џорџ.

Дваесет годишниот словенечки кошаркар во НБА лигата дојде пред две години минатата сезона беше избран за најдобар дебитант, а во оваа е во тесна трка со Џејмс и Антетокумпо за наградата МВП, која доколку ја освои ќе стане најмлад играч во историјата на кого му припадната оваа награда.