Ова е епилогот по лотаријата на која домаќин беше Чикаго, а на кој „пеликаните“ имаа најмногу среќа и како што сега стојат работите ќе го соберат „ѕверот“ Зајон Вилијамсон, играч на кој многумина му предвидуваат блескава кариера и го споредуваат со Леброн Џејмс.

Њу Орлеанс имаше само 6 проценти да биде победник во лотаријата, но ги посака среќата и тоа на штета на Њујорк Никс, Кливленд Кавалирс и Феникс Санс кои имаат 14 проценти да го добијат топ изборот под новиот систем во кој трите најслаби тимови во лигата имаат подеднакви шанси да дојдат до првиот пик на драфтот.

Втор на НБА драфот ќе бира Мемфис Гризлис, трет е Њујорк Никс, па следуваат ЛА Лејкерс, Кливленд Кавалирс, Феникс Санс, Чикаго Булс…