Милан Мачван објави крај на својата кошаркарска кариера во својата 31.година. Тој како што нагласи ќе остане во кошарката, но во улога на тренер.

„ Донесов тешка после рационално размислување, пред се на физичкиот план. Ми беше тешко, но се осеќам спокоен. Не сакав да ја завршам кариерата како повреден кошаркар, туку да се обидам да ја завршам како победник и шампион, како што ја започнав. Сакам да останам во кошарката во улога на тренер“- изјави Мачван.

Мачван минатата сезона ја мина во јапонски Алварк Токио, а во кариерата ги носеше дресовите на Партизан, ФМП, Хемофарм, Галатасарај, Емпорио Армани и Баерн Минхен.

Со репрезентацијата на Србија има три сребрени медали од Олимписките игри 2016.година и Европските првенства во 2009. и 2017 година.