Американските медиуми пишуваат дека докторите на Клеј Томпсон му предвидуваат пауза од 2 години како би закрепнал од тешката повреда на коленото.п

Рехабилитацијата на Томпсон не оди по посакуваниот план и првично требаше да отсуствува од 9 до 12 месеци, но според докторите пожелно е бекот да паузира една година повеќе од предвиденото. Тоа би значело дека Томпсон треба да се врати на стартот од сезоната 2021/22.

Томпсон има 29 години и е еден од најдобрите шутери во НБА-лигата, па има договор со Голден Стејт Вориорс, а оваа повреда и тоа како ќе им направи проблеми во обидот повторно да го вратат шампионскиот прстен во Оукленд.