Српската кошаркарка Милица Дабовиќ на 39 години повторно и се врати на кошарката. Прво играше во Лавови Брчко, а сега во Тирана. Дабовиќ се преселила во Албанија како би можела посериозно да игра и тоа и паднало тешко. Морала да го остави својот син кај родителите во Црна Гора.

„Неодамна го однесов во Херцег Нови кај моите родители. Овде натпреварите се играат на секој два дена и физички не можев да му се посветам. Ме болеше ногата, одев на терапии, а тој беше толку немирен што не можев да го водам со себе. Раздвоени сме само неколку дена, затоа што не родив дете за други да се грижат за него. Толку ми недостасува што плачев кога го оставив во Црна Гора, од ден во ден ми е се потешко“– вели таа.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Milica Dabovic (@milica.dabovic.13)

На кошарката и се вратила поради пари, затоа што се борела за егзистенција.

„Ги продавав своите работи. Ми се смееја кога почнав да ја продавам облеката. Имав милион понуди да ги раширам нозете и лесно да заработам пари, но не сакав. Секој денар кој сум го заработила во животот сум го заработила чесно и со својата работа. Стекнав многу, купив станови, но за жал погрешки луѓе последниве години се потрошија. Дојде момент кога више немав пари па гледајќи ги другите девојки, дојдов на идеја да ја продавам својата гардероба.“

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Milica Dabovic (@milica.dabovic.13)

Таа со репрезентацијата на Србија во 2015-та го освои Европското првенство, а година дена подоцна дојде и до сребро на Олимписките игри во Рио де Женеиро. Четири титула има во српското првенство и две во Јадранската лига.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Milica Dabovic (@milica.dabovic.13)