Турската кошаркарска федерација, вчера одлучи сезоната во турската Супер Лига да заврши без прогласување на шампион.

Водечките клубови во Турција, Фенербахче и Анадолу Ефес реагираа на одлуката на турската федерација да го откаже остатокот од Супер Лигата 2019-2020, потенцирајќи дека здравјето на секој инволвиран е поважно од која било крајна цел.

„Нашиот клуб ја почитува оваа одлука донесена за заштита на здравјето и безбедноста на спортистите, тренерите, службениците и навивачите. За Анадолу Ефес, здравјето на нашиот народ е повредно од сите првенства и достигнувања“– изјавија од Ефес.

Свој став имаа и раководните луѓе на Фенербахче.

„Ја поздравуваме оваа одлука што е во согласност со агендата на нашиот клуб, која вели дека човековото здравје е поважно од првенствата, трофеите и сè друго“- велат тие.