Македонската кошаркарска репрезентација рано утринава отпатува за Перм, Русија каде во недела ќе истрча против Русија во 2 коло од новиот циклус квалификации за пласман на ЕП 2021.

Повредениот Ненад Димитријевиќ го замени младиот кошаркар на Работнички, Виктор Ефремовски.

„Иако беше најавено дека поради краткиот рок за промена на авионскиот билет, македонската репрезентација најверојатно со 11 играчи ќе оди во Перм, во последен момент се отвори можност за замена, која стручниот штаб на нашиот национален тим ја искористи.“ – информираа од КФСМ.

Македонија во воведното коло од евроквалификации загуби на домашен терен од Естонија со 72:81. Селекторот Тодоров најави дека очекува поинаква игра на престојното гостување во обид да се забележи првата победа во битката за пласман на континенталниот собир.