Македонскиот трофеен кошаркарски тренер Емил Рајковиќ е именуван за нов селектор на селекцијата на Казахстан.

Рајковиќ, бележи одлични резултати со Астана во националното првенство на Казахстан, а успесите беа порака за челниците на федерацијата да му понудат работа и со репрезентацијата на оваа земја.

„Среќен сум, бидејќи ова ќе биде мој прв предизвик како селектор на една сениорска репрезентација. Сакам да се заблагодарам на довербата од страна на федерацијата на Казахстан“ – истакна Рајковиќ на промоцијата.

Емил Рајковиќ  се спомнуваше дека можно е да се врати на селекторската позиција на Македонија, но тој одлучи да ја прифати понудата од Казахстан. Претходно, во својата тренерска кариера, беше и помошник на Александар Џикиќ на клупата на Македонија во квалификациите за ЕП 2015, а ги во Македонија ги водеше и екипите на Фени индустри, Работнички, МЗТ Скопје како и полските екипи, Сласк Вроцлав и Стал Остров.