На Европското Првенство од Б- дивизија во романскиот град Орадеа, нашата селекција до 18 години победи против Грузија и обезбеди пласман во четвртфиналто.
Македонија запиша победа над Грузија со 87-79, инспиратор на победата за нашиот национален тим беше Андреј Јакимовски постигна 33 поени, на ова придодаде и 8 скока и четири асистенции.
Втор најдобар стрелец беше Исајлоски кој постигна 15 поени, Андреј Андоновски мечот го заврши со 16 поени и девет скокови.
Comments are closed for this post.