Па пауза од пет години, МЗТ Скопје Аеродром повторно ќе одмери со Широки Бријег. Новото 8 коло во АБА 2 ја носи пресметката на трето и на петто пласираниот на табелата.

„Играме против силен противник и мора да дадеме се од себе ако сакаме да дојдеме до бодовите. Полека се вклопувам во тимот и ќе се сторам се максимални да ја искористам секоја шанса која ќе ја добијам од тренерот.“ – изјави Ерон Харис.

МЗТ Скопје и Широки Бријег имаат четири меѓусебни пресметки во АБА лигата од 2012 до 2014 година. „Металците“ победија три пати а загубија еднаш на гостувањето кај Широки.