Томас Ертел и Барселона постигнаа договор, па така бекот на каталонскиот клуб останува до 2021 година, со опција договорот да биде продолжен на уште една сезона.

Според информациите, договорот е вреден 11 милиони евра, пред плаќањето на даноци.

Ертел пристигна во Барселона летото 2017-та година, а во своите две сезони со Блауграна, стигна до две титули во Копа Дел Реј.

Во 2019-та година, Ертел бележи во просек 10.4 поени, 4.8 асистенции и 1.9 скокови на 34 натпревари одиграни во Евролигата.