Популарната емисија „Highly Questionable“ која се емитува на ЕСПН го „пецна“ ракометот како спорт тврдејќи дека САД со Леброн Џејмс и поранешниот квотербек Џеј Катлер би го освоила златниот медал на Олимписките игри.

Катлер пред неколку дена изјави дека планира со своите 36 години да почни да се занимава со ракомет и да проба со САД да се квалификува на некои Олимписки игри.

 

„Слшнав дека тој ракомет се игра на Олимписките игри и мислам дека би бил одличен во тој спорт. Се игра со мала топка со која од околу си додава, па потоа ја шутираш во гол. Тоа е како футсал, освен што се игра со раце“-изјави Катлер.

На ваквите изјави се огласија Никола Карабатиќ и Лука Дончиќ. Французинот изјави дека би му го дал златниот медал од игрите во Рио доколку го добие во ракомет, а ѕвездата на Далас напиша дека Катлер не е свесен колку тежок спорт е ракометот.