Естонија го стокми тимот за квалификациите

Естонците доаѓаат во Скопје само со 14. кошаркари

Естонскиот селектор Јука Тоијала го намали списокот на играчи на кои ќе смета за претстојниот квалификациски меч против Македонија што ќе се игра в четврток од 20.15 часот, во А1 Арената „Борис Трајковски“ во Скопје.

Пред два дена Естонците ги почнаа подготовките за квалификацискиот циклус за пласман на ЕП 2021, и дуелите со нашата и селекцијата на Италија. А нивниот нов селектор, Јука Тоијала, потврди дека од првичниот список од 16. кошаркари да отпаднат двајца играчи, поточно на бековските позиции: Мартин Пасоја и Сајмон Сут.

На финалниот список на естонскиот селектор се наоѓаат: Кристијан Куламае, Кер Криса, Раит-Риво Лане, Раин Вајдеман, Хенри Дрел,  Мартин Дорбек, Сандер Раиесте, Јанари Јесар, Танел Курбас,Сим-Сандер Вене, Крегор Хермет, Каспар Треиер, Кристијан Китсинг и Рауно Нургер.


Comments are closed for this post.

четврто коло во серија а, пандев резерва

ФОТО: Џенова против Фиорентина, Пандев ќе чека шанса за настап од клупата

подобро да не се реализира оваа негова идеја

Тренерот на Баерн со идеја за „модернизирање“ на фудбалот

40 + 40 + 30...

Л’Екип со детали од договорот на ПСЖ и Меси, во игра и криптовалути