Кошаркарската Евролига од наредната сезона ќе воведе таканаречен данок на луксуз, нешто што постои во НБА лигата уште од 2002 година.

Ова  правило треба да им одговара на условно помалите клубови кои не можат да си дозволат да ги плаќаат кошаркарите како најбогатите тимови во Европа. Луксузната такса во НБА ја плаќаат сите оние клубови кои го надминуваат лимитот доволен за плати на кошаркарите. Во Евролигата не постои ограничување за висина на платите, но се бара начин како да се дојде до фер-плеј трошење.

Некои клубови од Евролигата, пред сè Барселона и Химки, летово потрошија многу пари за засилувања, па во иднина ако сакаат да се луксузираат ќе треба и дополнително да платат за тоа, со цел да се спречи тоа безмилосно трошење со кое одредени клубови се ставаат во нерамноправна позиција во однос на другите.