Челниците на Евролигата во кошарка одлучија дека оваа натпреварувачка сезона не смее да биде поништена, односно ќе мора да се доигра а ќе чекаат вистинско време за тоа со оглед на ситуацијата со Ковид-19.

Првичната најава за рестарт ан лигата на 11 април не е веќе во игра а следниот термин ќе се бара кон средината на мај.

„Натпреварите ќе продолжат откако ситуацијата ќе овозможи да има оптимални здравствени и безбедносни услови за сите учесници, по препораките на релевантните здравствени власти и локалните самоуправи. Давање приоритет на финишот на сезоната 2019-20 на Евролига со постојниот формат, што значи играње на преостанатите редовни кола, плеј-оф и финалниот турнир на четирите најдобри. Ова најверојатно би значело крај на првично закажаните мајски датуми, кои ќе претрпат и промени.“ – стои во дел од соопштението од Евролигата.

Видео конференцијата на акционерите на Евролигата која траеше четири часа не донесе точни промени во форматот на натпреварувањето за доигрувањето на сезоона, иако извесно е дека форматот дефинитивно ќе се менува и покрај заложбата тој да остане ист.