Не оди па не оди на Ефес на почетокот на сезоната во Евролигата. Екипата на Ергин Атаман го забележа и четвртиот пораз. Овојпат Олимпија Милано го победи европскиот шампион со 75:71 на „Мадиоланум форум“.

Четири натпревари – четири порази. Тоа е билансот на Василије Мичиќ и неговите пријатели досега во елитното натпреварување. Единствената среќа е што е почеток на сезоната, така што има уште време за корекции. Меѓутоа, ако Ефес не се разбуди што е можно поскоро, борбата за плејофот во Евролигата може да биде доведена во прашање.

Гостите одиграа добра прва четвртина, но лошата игра во втората ги чинеше загуба на првото полувреме – 42:36.

„Манекените“ продолжија да доминираат и во третиот период. Сепак, Ефес одби да се предаде и успеа да ја доведе играта до неизвесен крај. Екипата на Еторе Месина таму се снајде подобро и дојде до нов триумф.

Кај победниците најмногу се истакна Малком Дилејни со 15 поени, а го следеше Девон Хол, кој постигна 13. Од друга страна, повторно најдобар беше Василије Мициќ, кој го заврши натпреварот со 17 поени, додека Адријан Моерман додаде 13.

Олимпија Милано сега има 4-0, а клубот од Истанбул 0-4.