Лос Анџелес Лејкерс сезонава под палката на Леброн Џејмс и Ентони Дејвис конечно се конкурентини за највисок пласман во НБА лигата.

„Езерџиите“ ги напушти Трој Денијел, кој не ги оправда очекувањата, а негова замена треба да биде Дион Вејтерс од Мајами Хит.

Вејтерс е 4 пик на драфтот од 2012 година и досега има настапувано за Кливленд Кавалирс каде беше соиграч со Леброн Џејмс, Оклахома Сити Тандер и Мајами Хит каде годинава беше отпуштен откако направи неколку грешки за кои беше казнуван.

Вејтерс ќе тренира со тимот од Лос Анџелес, кој ќе одлучи дали ќе го ангажира искисниот бек шутер.