Новата натпреварувачка година во првата кошаркарска лига на Македонија ќе започне на почетокот од октомври, клубовите до тогаш имаат време за да ги подмират долговите кон КФСМ а новата сезона ќе бори 12 екипи.

Ова е заклучокот од денешниот состанок на прволигашите со раковдството на КФСМ. Дискусијата мина во знакот на: системот за натпреварување, раздолжувањето и околу тоа кој ќе биде 12-тиот тим.

Откако Блокотехна веќе не постои, шанса на избор ќе добијат второлигашите Црн Дрим и Ангели а во случај тие да одбијат, понуда ќе добие Шкупи.

Нови клубови во првата лига се МЗТ Скопје 2 и ФМП. До крајот на оваа недела се очекуваат нови преговори а во текот на следната конечен договор околу деталите кои по денешниот состанок останаа нејасни.