По лошата сезона во која успеаја да стигнат само до трофејот во домашниот куп раководството на турскиот кошаркарски гигант Фенербахче размислува за ремонт на тимот.

Првиот тренер на тимот Жељко Обрадовиќ во своите редови сака да донесе двајца кошаркари со НБА лигата

Првиот е кошаркарот на Јута Џез, Екпе Удох кој беше дел од Фенербахче, годината кога турскиот тим стигна до титулата во Евролигата.

Вториот кошаркар за кој се заинтересирани од таборот на турскиот клуб е Фуркан Коркмаз кој сезоната ја стартуваше во Филаделфија но на крајот од регуларниот дел доби отказ од клубот.