Екипите на Фенербахче и Анадолу Ефес ќе играат „мајсторка“ за титула шампион на Турција откако во шестиот натпревар од серијата, тимот на Жељко Обрадовиќ успеа да триумфира со 85-69 и обезбеди седми натпревар во финалето од кошаркарскиот шампионатот на оваа земја.
Најдобар во победата беше српскиот репрезентативец Марко Гудуриќ со 21 поен, а него го го следеше Италијанецот Мели со 14 поени.
Слукас и Мохамед Али постигнаа по 11 поени/
Кај Ефес најефикасен беше Ларкин кој реализира 16 поени, со поддршка од Симон и Мициќ кои дадоа по 12 поени.
Be the first to write a comment.