Турскиот гигант Фенербахче го доведе и последното засилување за ова лето, а тоа е српскиот центар Владимир Штимац. Искусниот Штимац изминатиот период беше на подготовки во тимот кој го води Жељко Обрадовиќ, по што челниците на клубот му понудија договор од три месеци кој кошаркаркот го потпиша.

Дебито во сино-жолтиот дрес, Штимац ќе го има денес на претседателскиот куп против неговиот поранешен клуб, Анадолу Ефес. Штимац ќе треба да се наметне со овие три месеци, бидејќи доколку Жофри Ловерњ ги реши проблемите со повредите и се врати во форма.

Покрај Штимац, Фенербахче ова лето се засили и со Лео Вестерман и Нандо Де Коло кој години наназад е помеѓу најдобрите бекови во Европа.