Феникс Санс ја продолжи серијата победи со триумфот од 128 – 101  над Оклахома и дојде на чекор до пласман во плеј-офот.

Оклахома ја доби првата четвртина со 37 – 23, но „санси“ веќе до полувремето го свртеа резултатот во своја корист ,а победата ја обезбедија со феноменланата трета четвртина која ја добија со 33-17.

Најзаслужен за седмата последователна победа на Феникс беше Девин Букер со 35 поени.

Сега Феникс се искачи на 10. место со скор од 32 победи и 39 порази, и има само една победа помалку од осмопласираниот Мемфис и деветиот Портланд. Оклахома е петта со скор од 43-27.

Во преостанатите натпревари Далас, со пресврт во последната четвртина, ја совлада Јута со 122 – 114, предводен од одличниот Боби Марјановиќ, кој постигна 20 поени со шут од игра 7/11, на што додаде девет скокови и две асистенции.

Торонто беше подобар од Милвоки 114-106, додека Лос Анџелес Лејкерс го совлада Денвер со 124-121.