„Војната“ меѓу ФИБА и ЕКА околу европските клубови продолжува.

Галатасарај е последниот во низата тимови кои се откажаа од Еврокупот и се преселија во ФИБА лигата на шампиони, а како што јавуваат медиумите за тоа добиле финансиска компензација.

Членот на извршиот одбор на Галатасарај Омер Чансевер изјавил дека турскиот клуб од ФИБА добил 350.000 евра за потпишан петгодишен договор во врска со учеството на тимот во ова натпреварување.