Пандемијата на COVID-19, го натера Бордот на ФИБА Европа да ги откаже сите натпреварувања кои требаше да бидат реализирани во текот на ова лето.

Имено, на сите домаќини во 2020 година ќе им се овозможи приоритет да бидат домаќини на истите турнири во 2021 година, доколку сакаат да го сторат тоа. Во спротивно, ќе биде обновена постапката за кандидатура за организација, во текот на оваа есен.

Промени околу регистрациите за сите младински европски првенства нема да има, односнот националните федерации ќе регистрираат тимови засновани врз јачината на соодветните генерации и финансиската состојба. Бордот се согласи дека ФИБА Европа ќе ги плати во целост таксите за учество на младите на сите национални федерации.

По одложувањето на Олимписките игри, Бордот разговараше за опциите во врска со следните години на ФИБА Евробаскетот и женскиот Евробаскет, а нивната иднина ќе се знае утре по состанокот на Извршниот комитет на ФИБА.