Македонската машка кошаркарска репрезентација, одложените натпревари предвидени во Талин, ќе ги игра следната година во февруари.

Поради Ковид-19, квалификацискиот двомеч беше одложен а од ФИБА ги потврдиле новите термини.

„Меѓународната кошаркарска федерација, ФИБА, земајќи ја предвид новонастанатата ситуација со особено внимание на безбедноста на сите учесници и спречување на понатамошно ширење на вирусот донесе одлука да ги одложи двата натпревара кои нашите репрезентативци требаше да ги одиграат вчера односно утре. Па така, сениорите ќе се вратат од Естонија без да настапат, а натпреварите против соодветната репрезентација на Италија односно Естонија ќе бидат одиграни за време на третиот и финален прозорец од овој евроквалификациски циклус, предвиден да се одигра во уште еден балон во февруари идната година.“ – соопштија од КФСМ.