Во салата „Автокоманда“, денеска ќе се одиграат финалните натпревари во машка и женска конкуренција.

Од 14:30 кај дамите за трофејот од Купот ќе стрчаат ЖРК Куманово и ЖРК Вардар, додека во 17:30 е предвидено да стартува машкото финале меѓу Вардар 1961 и Еурофарм Пелистер.

Во СРЦ „Кале“ за денеска е закажана полуфиналната разврска во машка конкуренција од кошаркарскиот Куп на Македононија „Благоја Георгиевски – Буштур“.

Од 17 часот ќе се соочат ФМП Академија и МЗТ Скопје Аеродром, додека во 19:30 на паркетот ќе истрчаат Работнички и Еуро Никел.