Денеска на официјалната веб-страница на Евролигата беше објавено дека финалниот турнир ќе се одигра без присуство на навивачи.

Одлуката која е донесена е непопуларна, иако лигата помина една година од откажувањето на последното финале, предвреме развивајќи голем број опции и сценарија со намера да им дозволи на навивачите да учествуваат на „Фајнл фор“.

Сепак, бидејќи здравјето и безбедноста на навивачите и учесниците останува главна грижа за сите, учеството на Ф4 сега ќе биде ограничено на тимовите, лицата ангажирани од организаторот и избрани претставници на медиумите. Сите ќе бидат предмет на строги хигиенски протоколи и упатства, се вели во соопштението на Евролигата.

Моментално во тек се четвртфиналните дуели од Евролигата , а финалниот турнир е предвидено да се одржи во Келн од 28 до 30 мај .