Кошаркарите на ФМП Академија славеа на гостувањето кај ТФТ Скопје со 77:65 во натпревар од 20 коло во Суперлигата. Со ова ФМП го завери својот пласман во плеј-офот.

Со ова ФМП Академија го заврши регуларниот дел од сезоната со победа, 11 ововосезонска во која имаат и 11 порази.

За ТФТ Скопје ова беше девети пораз, а  во следното коло низата без успех ќе се обидат да ја прекинат кај Гостивар.

Кај победникот Крстајиќ се издвои со 34 поени и 10 скока, а Харис постигнасо 10 поени. Кај ТФТ се најефикасен беше Митревски со 18 поени и пет скока.

Претходно денеска, Работнички славеше против МЗТ Скопје Уни Банка со 84:77.