Академија ФМП успеа изненадувачки да го победи лидерот во кошаркарското првенство Пелистер во четвртфиналето на Купот и да стане прв полуфиналист.

Натпреварот беше и повеќе од ефикасен постигнати беа вкупно 198 поени, односно 100 постигна Навико Академија ФМП, а дури 98 постигна Пелистер, сепак недоволни за пласман во полуфиналето.

Првата четвртина заврши со водство на Академија ФМП од 25:21. Втората и најефисна четвртина ја доби Пелистер со 36:28, па со предност заминаа на полувремето.

Сепак во второто полувреме Академија ФМП знаеше што сака, третата четвртина ја добија со 27:20, а четвртата минимално ја доби Пелистер со 21:20.

Најефикасен кај победниците беше Крстајиќ со 29 поени, него го следеа Херис со 19, Атанасов со 18, Двојаковски со 11, а двоцифрен беше и Стојановски со 10.

Најефикасен кај Пелистер беше Кесар со 31 поен, го следеше Малешевиќ со 21, а двоцифрени беа и Калахан со 16 поени и Стајиќ со 14.

Во другите четвртфинални мечеви денеска играат Работнички- ТФТ, Еуро Никел- Гостивар и МЗТ Скопје- Куманово.