Кошаркарите на Академија ФМП славеа во дуелот со Работнички со 75:69 во 11 коло од домашното кошаркарско првенство.

Домаќините одиграа одлично во првата четвртина (24:14), на ова следуваше одговор од гостинот за на полувреме да се замине со 36:34 за ФМП.

Во вториот дел ФМП успеа да се одлепи на плус 11 и да поведе со 50:39 а до крајот на мечот одржуваше предност од плус пет од плус седум.



Крстајиќ со 30 поени и 13 асистенции беше најдобриот играч во победничкиот состав, Балмазовиќ се издвои за Работнички со 16 поени и 9 скокови.