Кошаркарите на Аргентина стигнаа и до втората победа на Светското првенство во Кина по победата над Нигерија со 94-81.

Екипата на Серхио Ернандез имаше неколку успони и падови, но во последниот период одиграа на далеку повисоко и рутински ја совладаа Нигерија, која со овој пораз го заврше своето учество на Мундобаскетот.

Во центарот на внманието на натпреварот беше легенданиот Луис Скола кој го постигна 595 поени на светските првенсва со што се искачи на втората позиција на вечната листа на поентери.

Единсвено пред Скола е легендарниот Оскар Шмит со 906 поени.