Репрезентацијата на Авсралија е нов учесник помеѓу осумте најдобри на светскиот шампионат во кошарка, откако славеа над Доминиканска Република со 82-76.  „Кенгурите“ до четвртит триуф повтно беа предводени од Пети Милс кој уфрли 19 поени.

Фаворитите подобро го почнаа мечот, успеваа да погодат скоро од секоја позиција, а по десет минути игра заминаа со предност од 24-19. Во втората четвртина Доминиканска Република ги консолидираше своите редови и со одлична игра во одбраната успеа да го намали резултатот и на полувреме да се замине со само два поени предност за „кенгурите“ 40-38. Во вториот дел Австралија одигра далеку посконцентрано и стигнаа рутински до победа.

Следниот меч Австралја ќе го игра за два дена со селекциата на Франција.