Бадел 1862  ја оправда фаворитската улога и го освои Суперкупот во женска конкуренција кој го носи името „Драган Василов – Цевка“, доминираше и заслужено запиша победа против  Баскет Кам 72-88.

За првпат еден професионален играч настапи со маска на теренот, Адиџат Кубура Адамс од Баскет Кам,  Американката привлече внимание.

Ивана Кметовска и Александра Стојановска се истакнаа кај победничката екипа,  првата со „дабл-дабл“ од 26 поени и 12 скока, додека Стојановска  со „трипл-дабл“ – додаде 21 поен, 11 асистенции и девет скока.