Екипата на Баскет КАМ од Македонска Каменица испиша историја и дојде до првата титула во историјата. Тимот славеше над Бадел 1862 (81-64) во рамки на Купот на Македонија и  го грабна трофејот во СРЦ „Кале“.

По тригодишна доминација на екипата на Вардар сега кошаркарките на Баскет Кам го освоија трофејот наменет за победничките во купот.

Се беше решено уште во првото полувреме, по кое составот од Каменица поведе со убедливи 22 поени разлика.(50-28).

Сето останато беше рутинско одработување на задачата и подготовка за големото славје што следеше по последниот звук на сирената.

Најдобра кај победникот беше Гобељиќ со 25 поени и 9 скока, пред Митрашиновиќ со „дабл-дабл“ од 22 поени и 12 скока. Кметовска додаде 12 поени, додека Брајковиќ заврши со 10 поени и 13 скока. Кај Бадел 1862, единствени со двоцифрен учинок беа Стојановска со 22 и Трајчевска со 21 поен.