Македонската женска репрезентација со убедлив пораз го започна настапот на Европското првенство за кошаркарки до 16 години, Б дивизија.

Нашите млади репрезентативки загубија убедливо од Холандија со 101:24 во воведното коло од групата Д.

 

Црвено-жолтите постигнаа само пет поени во првото полувреме кое противникот постигна 54 поени.

Во второто коло нашите репрезентативки ќе игра против Бугарија, натпреварот е закажан за во сабота.