Eдна од најголемите кошаркарски надежи во НБА лигата, Диандре Ејтон е суспендиран на 25 натпревари поради што бил позитивен на диуретик кој е забранет. Центарот на Феникс Санс, беше избран за прв пик на драфтот во 2018 година, не ги оправда очекувањата, иако беше споменуван како следниот Дејвид Робинсон, а сега се соочи со дополнителни проблеим.

Од Феникс најавија дека ќе упатат жалба на одлуката, бидејќи како што тие велат, кошаркарот не ги користел намерно супстанците. Покрај суспензијата, поради тежината на престапот Ејтон ќе биде казнет и со огромни 2,17 милиони долари.